Министерот за економија и труд, Бесар Думиши се уште не ја открива содржината на новогодишната кошница, но вели дека интензивно преговараат со трговците, производителите, добавувачите, коморите и Организацијата на потрошувачите.
-На почетокот на декември ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка и таа ќе биде подновена со други производи, овојпат од сезонски карактер. Листата на производите кои ќе бидат содржани во неа ќе биде подолга и ќе изнесува околу 600 тарифни броеви со огранмичена бруто профитна маржа до 10 отсто, рече денеска Дурмиши.
Тој вели дека се во постојана комуникација со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите и дека изработката на новогодишната кошничка е веќе при крај.