Во Охрид пајак му го кренал автомобилот, ја обил капијата на депото и си ја вратил колата

На 10.01.2025 во 18 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркинг простор на улицата „АСНОМ” во Охрид, кој го користи ЈП „Комуналец – Механизација”, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло” со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието, и откако го отклучил, заминал со него.

Претходна вестЈавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков