Со 20 гласа „за“ Советот на Општина Велес донесе одлука од следната учебна година во основните училишта секој понеделник задолжително да се интонира македонската химна.
-При интонирање на химната, основните училишта се должни задолжително да обезбедат соодветни услови за достоинствено следење на химната од страна на сите ученици, вработените и други присутни од почетокот до крајот на интонирањето на химната, се вели во одлуката.
Одлуката беше донесена едногласно, а беше предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.