Вкупно 660 кубни метри кабаст отпад досега се собрани во акцијата која по скопски општини овој месец ја спроведува ЈП „Комунална хигиена“.
-Во рамките на акцијата досега беа подигнати и транспортирани 130 кубни метри кабаст отпад во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општината Карпош, 130 кубни метри во општината Центар, 150 кубни метри во општината Кисела Вода, како и 80 кубни метри во општината Аеродром, соопшти денеска ЈП „Комунална хигиена“.
Се додава дека акцијата за собирање кабаст отпад во моментов се спроведува во скопската општина Гази Баба. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на следните локации постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина можат да го одложат својот кабаст отпад:
1.ул. Маџари, спроти ресторан „Далиа“, Ченто;
2.ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница, Автокоманда;
3.ул.М.А.Ченто, кај кај месната заедница, Алија Авдовиќ;
- ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет, Триангла.
Од 29 август 2024 година акцијата ќе започне да се реализира во скопската општина Чаир.