Во последните 24 часа има 67 заразени, но дури 31 починат

Триесет и едно лице почина изминатите 24 часа како последица на ковид 19. Меѓу починатите има едно лице на 42, две на 43, едно на 45 години.

Од починатите 9 од Скопје (42г,64г,68г,68г,72г,73г,77г,77г,86г), 4 починати лица од Тетово (66г,73г,75г,78г), 3 починати лица од Велес (64г,72г,73 г), по 2 починати лица од Битола (43г,68г), Охрид (45г,87г), Струга (54г,64г) и Берово (43г,82г) и по 1 починато лице од Куманово (59г), Прилеп (70г), Кавадарци (82г), Кочани (63г), Радовиш(60г), Виница (67г) и Пробиштип(71г). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.

Во последните 24 часа се направени 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на ковид-19 во: Скопе – 28, Куманово – 8, Гостивар и Охрид – по 4, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип – по 3, Струга, Кичево и Ресен – по 2, Свети Николе и Кратово – по 1.

Регистрирани се 782 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169, од кои 6.124 во Скопје.

Претходна вестОбвинение за Дерковски и уште тројца од ДИК за набавка на софтверот за изборите
Следна вестЕУ пушти срце – стигнаа првите 4.800 вакцини од фондот за солидарност