Во пожар изгоре млекарница во Романовце

Во пожар целосно изгоре млекарница во кумановското село Романовце, соопштија денеска од Кумановската  територијалната противпожарна единица. Во пожарот нема повредени лица, причинета е значителна материјална штета.

Пожарот бил пријавен вчера во 18:50 часот и го гаселе осуммина пожарникари со три противпожарни возила сè до 21:50 часот. Изгорел голем објект со машини. Опожарената фабрика, иако не функционира од пандемијата, била осигурена.

-Кога дојдовме скоро сè беше уништено, пожарникарите веќе беа овде, потоа дојде и полиција и до 22 часот бевме тука сè додека пожарот беше под контрола. Речиси се е уништено. Млекарата не беше во функција од пандемијата, но планиравме повторно да се активира. Претходно беше во целосна функција со голем капацитет на производство со комплет машини, лабораторија, сето тоа е веќе уништено, изјави Реџаил Мустафи, еден од сопствениците.

Од полиција потврдија дека се случил пожар во млекарница и дека нивна екипа извршила увид. Кумановската полиција работи на целосно расчистување на случајот.

Претходна вестВо Општина Кисела Вода ќе се фрла богојавленскиот крст
Следна вестДелови од повеќе скопски општини утре без струја