84-годишен маж настрадал во пожар кој избувнал во куќата на неговиот син. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
– Денеска (05.04.2023) во ОВР Струга било пријавено дека во 03.30 часот во с.Октиси, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на М.М. Од здобиените повреди во пожарот починал И.М.(84) од с.Октиси, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот.