Во пожар под Скопско кале зафатени пет автомобили, интервенираа пожарникарите

Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

Според информациите пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила, а причинета е само материјална штета.

-Околу 13 часот и 25 минути во СВР Скопје е пријавено дека на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар пришто горела сува трева. Притоа од пожарот опожарени се пет моторни возила. Повредени лица нема. Пожарот е локализиран, а по насоки на инспектор од СВР Скопје, се повикуваат сопствениците на возилата кои ги оставиле на дивиот паркинг. Ќе се врши увид и документирање од страна на СВР Скопје, соопштија од МВР.

Претходна вестФормирана Национална алијанса на пациентски организации
Следна вестОсомничените за убиството на Данка Илиќ во притвор, приведени уште двe лица