Во прекин сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен поради сообраќајна незгода

Сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, од 16:15 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

Претходно поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Претходна вестМалолетник нападнат од разбојници во домот каде живеел
Следна вестЗабрана за товарни возила на неколку патни правци во државата