Во РЕК Битола од синоќа работи Блокот 2 по дефектот од силното невреме

Синоќа, во 20:53 часот, Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем. После целодневна, непрекината работа на вработените во ПЕ Термоелектрани на РЕК Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција, соопшти ЕСМ.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период.

-Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат било каков коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор, се наведува во соопштението од ЕСМ.

Претходна вестТрета меѓународна конференција – „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“
Следна вестГерманија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, правилата важат и за македонските државјани