Од денеска во Сараево е запрена вакцинацијата против коронавирус поради недостаток на вакцини, соопшти Министерството за здравство на Сараевскиот кантон.
Во соопштението се наведува дека сите преостанати дози се потрошени и дека имунизацијата во спортската сала „Зетра“ ќе биде запрена до следната достава на вакцините.
Во „Зетра“ од вчера се вакцинираат пациенти од онкологија, како и ревакцинација на претходно вакцинирани лица, за што се потрошени 900 дози.
БиХ како и Македонија се соочува со недостаток на вакцини поради што и бројката на дневно вакцинирани секојдневно опажа, во очекување на ветените вакцини од ЕУ и преку механизмот Ковакс.
Она што ја спасува ситуацијата е што Србија, која располага со голем број дози, дозволи граѓаните и на БиХ и на Македонија да се вакцинираат без закажување.