Во Скопје и Битола приведени 11 лица, полицијата им пронашла дроги

Вкупно 11 лица се приведени поради поседување на различни дроги во полициските акции што се организирани во Скопје и во Битола. Во Битола полицијата приведе три лица.

– На 11.12.2022 на ул. “Новачки пат” во Битола, полициски службеници од полициска станица Битола ги лишиле од слобода М.Н.(40) од с.Долно Оризари и А.Б.(30) од Битола затоа што при преглед кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. На 10.12.2022 на паркинг во новиот пазар во Битола полициските службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода М.М.(18) од Битола затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата.

Останати осум лица се приведени по полициските акции во скопските општини КАрпош и Аеродром.

-На 10.12.2022 во 21.00 часот на подрачје на општина Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Љ.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Истата вечер, лишени од слобода се Б.М.(22) и С.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, соопшти полицијата.

На 11.12.2022 во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е И.Ј.(25) од с.Кадино, скопско затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој ден на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Н.Р.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја и таблети.

-На 11.12.2022 во 01.30 часот на подрачје на општина Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ф.К.(21) од с. Пирок, тетовско затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Во 03.45 часот на подрачје на општина Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Ф.М.(20) и С.К.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја, наведува полицијата.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестМакедонија е двократен светски шампион во „Counter-Strike:Global Offensive“
Следна вестУХМР: Внимателност, зголемен е водостојот на Радика, Сатеска и Пена