Ново опаѓање на бројот на новозаболените е забележано во изминатово деноноќие на скопското подрачје со што бројот на активно болни од корона вирусот сега изнесува 812. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во две скопски општини има повеќе од сто заболени: во Чаир – 104 и во Кисела Вода – 101.
Блиску до нив се Аеродром и Гази Баба со 99 заболени , Карпош со 85 и Центар со 76.
Во Ѓорче Петров има 50 заболени, Бутел – 58, Шуто Оризари – 32 и Сарај – 25.
Кај околните скопски општини сосотојбата е следна: Студеничани – 26, Арачиново – 15, Илинден – 14, Сопиште – 5, Чучер Сандево – 4, Петровец – 8, Зелениково – 3.