Во Скопје има нови кластери, а во Чаир пациенти не кажувале вистинити податоци

Во Скопје има нови кластери на заболени од корона вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче. Тој зборувајќи на прес-конференцијата за зголемувањето на бројот на болните на подрачјето на главниот град на Македонија рече дека најголемиот број од заболените се од познати кластери, но и дека има и нови.

-Околу 65-70 проценти од заболените се од веќе познатите кластери. се работи за контакти од второ, трето и четврто колено. Но има и нови. За жал, секогаш е иста причина: непочитувањето на превентивните мерки. И покрај забраната луѓето си прават собири. Имaме пациенти кои доаѓат заради тоа што не ги почитувале мерките. Не може да се прави свадба кога тоа е забрането, нагласи министерот, додавајки дека во Скопје, од свадба на која имало 100 гости сега има 14 позитивни лица.

Инаку, тој посебно потенцира дека во општина Чаир епидемиолозите се соочуваат со проблемот на неоткривање на контакти и давање на лажни информации.

-Во гинекологија во Чаир 18 медицински лица се ставени во изолација затоа што три родилки лажеле дека немале контакти со болни лица. Јас ќе инсистирам да се санкционира давањето на неточните податоци, рече министерот.

Претходна вестФилипче: Имаме добра стратегија, нема да има нови ограничувања
Следна вестФилипче за изборите: Било кој настан е безбеден ако се почитуваат мерките