Во Скопје казнети 147 возачи, од нив 35 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светлo, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестЦУК: Оштетени кровови, паднати дрвја и пожари по силниот ветер кој го зафати Скопје
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и неговата владина екипа 5 дена јадат, пијат и лумпуваат во Белград, додека во Македонија народот гладува