Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје сообраќајната полиција казнила над двеста возачи од кои 94 за брзо возење.
-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за управување возило под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, соопшти МВР.