Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.528 додека во Скопје се 596.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени 42 лица со компликации.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.
Во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 3 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника, во Козле не билe примени нови, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти.
Во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти со ковид.