Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 629 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Вкупно во цела држава во болниците има 1.498 пациенти со компликации од ковид.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 39 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника, додека во Козле не биле примени нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.
Најмногу од пациентите во моментов се лекуваат во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники – 305 пациенти.