Во Скопје се пие безбедна и квалитетна вода

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците добиени од 157 мостри за физичко-хемиска и 157 за микробиолошка анализа на водата за пиење земени од 49 мерни места во Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), велат од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.

Извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е изработен во периодот од 10 до 14 овој месец од Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

 

Претходна вестМалолетничка од Скопје насилно однесена во Тетово – успеала да пријави во полиција
Следна вестСледната година трета доза на вакцина против ковид?