Во Скопје утре посебен сообраќаен режим – МВР ќе го одбележува Денот на полицијата

Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Претходна вест300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
Следна вестТриесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија