Во Скопје вчера санкционирани 107 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за непрописно престигнување и обиколување, три санкции за возење под дејство на алкохол, 27 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Претходна вестПретпладне облачно и магловито, попладне промена на времето
Следна вестНе инсистирајте вести да гледам – оставка ќе си дадам