Скопската полиција за 20 дена колку пто трае полицискиот час, поднела 48 кривични пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик.
Се работи за периодот од 10 до 29 март, а лицата се движеле без дозвола за време на забраната за движење од 22 до 05 часот.
За групирање на јавно место или на домашни прослави, во угостителски објекти или останувале во нив по работното време во првото тримесечие од годинава поднесени 19 кривични пријави против 45 физички и едно правно лице, соопштија од скопската полиција.