Во скопската Зоолошка градина пцовиса жирафата Каспер. Ова е втора жирафа која угинува, а сега Зоолошката останува само со една жирафа, односно Флопи. Претходно, пред неколку години пцовиса и Орка која според обдикциониот наод умрела од бронхитис и воспаление на цревата.
Директорот на градината Зоран Попов соопшти дека во моментов се прави обдукција по што ќе се знае причината за угинувањето. Таа изминативе пет месеци не била во добра здравствена состојба.
-Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти. Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен. Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет. Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана, напишаа на официјалниот фејсбук-профил на ЗОО Скопје.