Во скопските ковид-центри се лекуваат 251 болен од корона вирусот

Во ковид центрите во Скопје во последново деноноќие се хоспитализирани 25 пациенти, а вкупно се лекуваат 251 болен од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминативе 24 часа, на интерните клиники имало 7 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника. Во Козле не биле примени пациенти. Дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, се наведува во информацијата.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 97 слободни места.

 е очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, информира Министерството.

Претходна вестУбаво: Клупата на Горан Стефановски наскоро ќе пристигне во Скопје
Следна вестПрвите вакцини преку КОВАКС ги доби Гана