Во сообраќајка повредрн полицаец, пренесен во клиники “Мајка Тереза”

Вчера попладне, во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Р.С. од Тетово и возило „шкода“, сопственост на МВР, извести Министерството за внатрешни работи.

„Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото „шкода“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Претходна вестНа „Партизанска“ изгореа три пластични контејнери, голем црн чад се рашири по центарот на Скопје
Следна вестМВР снемува обрасци за пасоши, значителна количина пристигнува кон крај на месецот