Во сообраќајка загина 70-годишен битолчанец

Битолчанец завчера го загуби животот откако со „Киа“ излетал од патот Ѓавато-Тополчани, соопшти полицијата.

МВР информира дека во саботата во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „Киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(70) од Битола, излетало од коловозот.

-Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола, каде што биле задржани на лекување, а на 14.04.2024 возачот П.С. им подлегнал на повредите, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Претходна вестКаде останаа заборавени 13,4 милиони евра од градската каса на Скопје?
Следна вестОбвинителство: Приведени 17 лица, овозможиле бегство на лице осудено за убиство