Споменикот со картата на Голема Албанија во меморијален комплекс во Сопот, кумановско, чија слика објави лидерот на ДУИ Али Ахмети е отстранет, објави синоќа ТВ Сител По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, од вчера во музејот стои само каменот без експонат и музејот е затворен.
Не е јасно кога е отстранет споменикот чија фотографија беше објавена на 4-ти ноември на церемонија со одбележување на масовна погибија на жители на Сопот во Втората светска војна.
Споменикот предизвика реакции поради нацртаната мапа на Голема Албанија во која припаѓаат делови на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Грција. На врвот на споменикот стоеше и ознака на УЧК.
Во спомен собата пак се изложени предмети посветени на ОНА од 2001-вата година.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски пак објави дека Меморијалниот комплекс е изграден без дозвола, на државно земјоделско земјиште и најави дека ќе пријави кривично дело до надлежните за да се најде непознатиот сторител.
Спорната карта беше објавена од самиот Али Ахмети кој присуствувал на одбележување на 79-годишнината од нападот врз Сопот кога од страна на партизанска единица биле убиени 64-ца жители на селото, по националност Албанци и на возраст од 6 до 84 години. Поновата албанска историографија, настанот го опишува како воено злосторство.
Според други сознанија споменикот во Сопот е изградрн уште во 2008-ма односно пред 15 години.