Во Србија почна имунизацијата против короната и со руската вакцина

Во соседна Србија одамна почна вакцинирањето против корона вирусот, а од денеска во оваа држава почна да се вакцинираат и со руската вакција. Имено, Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин се првите луѓе во Србија кои ја примија руската вакцина „Спутник V.

Дачиќ изјави дека тој и министерот Александар Вулин биле вакцинирани само за да им дадат пример на другите граѓани. Нагласи дека против ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни. Дачиќ верува дека е погрешна појавата на теории на заговор.

Првиот контингент од 2.400 дози вакцина „Спутник V“ пристигна во Србија пред седум дена.

Претходно, минатиот месец премиерката Ана Брнабиќ, министерот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон први се вакцинираа против короната и ја примија вакцината на „Фајзер“.

Во Македонија се уште се чека датумот (таква ни е изгледа судбината да чекаме датуми) кога ќе пристигнат првите вакцини. Најавено е дека ќе пристигнат во февруари.

Претходна вестВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти
Следна вестУбаво: Општина Центар и оваа година продолжува со проектот „Нула глад“