Едно женско лице е пронајдено во стан во Скопје, соопшти полицијата.
МВР информира дека во текот на завчерашниот ден во 20.45 во Полициската станица Бит Пазар, било пријавено дека во домот на подрачје на Бит Пазар била пронајдена почината А.Ф.(71) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.