Стравична сообраќајна несреќа: Две лица го загубија животот, има и повредени

Голема трагедија се случила денеска на експресниот пат Штип – Кочани. Во сообраќајна несреќа две лица го загубиле животот, а има и други повредени лица.

– Две жртви и повредени лица има во тешката сообраќајна несреќа која се случила денеска во 12.42 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново, изјави портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Која е причината за големата трагедија и кои се жртвите се уште не е соопштено. Од полицијата се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Претходна вестДвајца полицајци од ГП „Ќафасан“ добија кривични пријави за примање поткуп
Следна вестМицкоски: СДС и ДУИ на бегање спремаат епски криминал од 140 милиони евра во РЕК „Битола“