Целосно изгоре автомобил во пожарот што се случил утрово во 02.15 часот на улица „Васил Главинов“ во Струмица. Како што информираа од ТППЕ Струмица, пожарот бил во разгорена фаза, а со интервенција со едно против пожарно возило и четири пожарникари е спречено натамошно ширење.
Според првичните информации од пожарникарите, причинета е значителна материјална штета.
ОД ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до местото на пожарот бил отежнат заради паркирани автомобили на пристапните улици и затоа било изгубено драгоцено време за навремена и брза интервенција.
Фото: Архива