Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат податоците на страницата за статистика „Ворлдометер“.

Од компликации со Ковид-19 починале 998.745 лица, а болеста ја надминале 24.409.745 пациенти.

Соединетите држави имаат најголем број на заболени 7.287.561, па следат Индија – 5.992.532 и Бразил – 4.718.115.

Претходна вест266 санкционирани возачи во Скопје
Следна вестКривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми