Во близина на кумановското село Табановце, пронајден е мртов 20-годишен државјанин на Сирија. Од СВР Куманово соопштија дека на телото нема траги од насилство.
Вчера во 18 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице.
По извршениот увид било утврдено дека се работи за М.Л.(20) од Сирија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било подигнато и однесено во капела и по негови насоки дополнително ќе се постапува по случајот, се наведува во соопштението од полицијата.