Во Велес во тек е огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда.
Деца без родители или родителска грижа коишто имаат наполнето 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства како и деца без родители, како и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, потоа лица припадници на ромската заедница коишто се социјално загрозени како и самохрани родители со малолетни деца можат да конкурираат за добивање на социјален стан во новата зграда на улица „Раштански пат“ број 20 во Велес, во близина на поранешен „Киро Ќучук“ и Ветеринарната станица во новиот дел на Велес.
Заинтересираните треба да поднесат документи во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Велес најдоцна до 21 октомври годинава за користење под закуп на еден од вкупно 29 станови со површина од 38 до 42 м2 .
Новата зграда со станови наменети за социјално ранливите категории на граѓани започна да се гради во 2021 година со финансиски средства односно, заем од Советот на Европа даден на земјава. Инвеститор беше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, а распределбата на становите ја реализира Министерство за транспорт и врски.
Јавниот оглас на Министерството за транспорт и врски е објавен на неговата веб страница https://mtc.gov.mk/vesti/Oglas-za-raspredeluvanje-na-29-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Veles-