Во Тетово одземени над 3000 пиротехнички средства, приведен тетовец

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 15 часот, на градскиот плоштад во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот тетовец Ф.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени над 3000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик, извести МВР.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните дека набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик. Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.

Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е казниво согласно Кривичниот законик.

Претходна вестOд полниќ дизелот поевтин 1 денар
Следна вестНачевски и Николов се чисти пред лицето на правдата