По негативниот прираст во второто тромесечје, Македонија забалежала помалку родени отколку умерени лица и во третото тромесечје од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 9.8 отсто. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 проценти во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4 747 лица, а од нив 8 се умрени доенчиња.
-Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, соопшти ДЗС.
Негативниот природен прираст во второто тромесечје изнесуваше – 711 лица, а во првото -1.577 лица.