Во употреба е пуштен Детскиот велодром во паркот Сарај

Во употреба е пуштен СТБ Детскиот велодром, изграден во паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во градот, соопшти денеска Градот Скопје.

Се наведува дека за сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини.

-Новиот велодром кој на децата и младите им овозможува да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина, како проект на Стопанска банка Скопје реализиран со јавните претпријатија “Паркови и зеленило” Скопје и “Улици и патишта” Скопје, е резултат на повеќегодишната одлична соработка на Град Скопје со Стопанска банка како една од најдобрите општествено одговорни компании, се наведува во соопштението.

Претходна вестАко има пожар на повисоките катови на Детската клиника нема да може да се изгасне, предупредува директорот Мемеди
Следна вестУчениците од седмо до деветто одделение ќе мораат да учестуваат во општествено корисни активности