Поседување на 20 килограми на марихуана е причина за обвиниение кое Основното јавно обвинителство Скопје поднесе против 43– годишен скопјанец. Тој ќе одговара за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба држел 19,98 килограми наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи. При претрес на автомобилот, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата, соопшти Обвинителството.
Доставен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.