Во земјава се останатите помалку од 5 000 вакцини за прва доза. Сите други се за ревакцинација на граѓаните што веќе примија прва доза. Неделава се очекува да добивме донации од Бугарија и Грција, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Најверојатно тоа ќе бидат вакцини од „Астра Зенека“ кои ние ги користиме само за граѓаните над 60 години, меѓутоа нема конечна потврда.
-Сега имаме уште нешто помалку од 5.000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, во сите други се прави ревакцинација. Оваа недела треба да дојдат 70. 000 вакцини – 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, најверојатно вакцини на „Астра Зенека“. Сè уште немаме потврда за типот на вакцини. И тоа што редовно доаѓа секој понеделник од вакцините на „Фајзер“, како и тоа што го очекуваме е големата количина на вакцини од Кина за кои сè уште немаме точен датум. Најавата беше дека ќе биде на почетокот на јуни, изјави Филипче.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со сабота 29.05.2021, вакцинирани се вкупно 234.508 граѓани. Прва доза вакцина во саботата примиле 597 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани.