Во земјава ќе се влегува без ковид-сертификат и без тестови

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, како и и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата ако не се поседуваат  горенаведените документи.

Претходна вестНеделков и Шаќири разговарале – Владата не дава ни процент повеќе од 10 отсто покачување
Следна вестОд утре во маркетите ќе има српски зејтин