Во ЗОО Скопје се роди бебе двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

-Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Родителите во ЗОО-СКопје пристигнаа во 2020 година како донација од Чешка и од Словенија.

Претходна вестОд ноќеска на полноќ не се менува само цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
Следна вестФинансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие