Водостојот на Дојранското Езеро е 48 сантиметри под договорениот минимум

Водостојот на Дојранското Езеро е 48 сантиметри под договорениот минимум, а нивото на Преспанско Езеро е 11 сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во информацијата до јавноста се наведува дека за еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро. Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 15 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за месец август.

Водостојот, пак, на повеќето од реките во земјава е повисок од просечниот.

Во споредба со вчера најголем раст на нивото од 32 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголем пад од 28 сантиметри повторно има Вардар, но на мерното место кај Велес.

Што државата прави за да се подобри водостојот особено на Преспанското и Дојранското езеро, се надеваме ќе ни биде некогаш соопштено.

Претходна вестКој ќе победи – комуналците или луѓето ѓубриња?
Следна вестЗакерберг призна дека цензурирал содржини за Ковид-19 под притисок од функционери од администрацијата на Бајден