Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП Комуна-Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

При работа на канал, екипите на ЈП Комуна Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа.

Од тука информираа дека водата ќе биде во краток прекин, а без вода ќе биде поголемиот дел од градот Крушево.

-Го разбираме револтот кај граѓаните и тие се во право. Дефектите се премногу, а тоа се должи на застареноста на водоводната мрежа. Тоа претставува голем проблем и за нас затоа што преголем дел од нашите ресурси, луѓе, механизација и финансии, се трошат на дефекти, велат од претпријатието.

Претходна вестШестмина од обвинетите во „Синџир“ признаа вина, добија условни казни, во државниот буџет вратени милион евра
Следна вестОлимпијката Рељиќ нема каде да се подготвува за Олимпијадата во Париз