Вообичаено во Скопје: Кој сакал поминувал на црвено, кој сакал возел брзо…, имало и казни

Скопската сообраќајна некултура „цветала“ и вчера по улиците. Од МВР соопштуваат дека правеле контроли и дека пишувале казни.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информира полицијата.

Вакви податоци вообичаено добиваме секој ден. Бројките се скоро исти. Кој кога сака поминува на црвено, кој сака стиска повеќе на педалот за гас…

Ќе успее ли полицијата да ги скроти?

Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестЧетири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа
Следна вестПратениците се разработија на крајот, ќе имаат дури 5 седници, а има и точки кои не треба да се брзаат