Воз удрил во автомобил во велешко, за среќа повредени нема. Имено, во попладневните часови на 18 март во велешката полиција било пријавено дека на железничкиот патен премин Велес – Згрополци – Велес се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил „Фолксваген туран“.
Автомобилот, со скопска регистрација, бил управуван од 55-годишниот М. З. од селото Кадино. За среќа, во незгодата немало повредени лица.
Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од екипа на велешката полиција.