Вчера на улицата „Гоце Делчев“ во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од Штип, по што возачот го напуштил местото.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Штип, објави МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.