Возачите тешко повредени во сообраќајка на „Рампа“ во Кисела Вода

Две лица се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа на „Рампа“ во скопската општина Кисела Вода.

МВР информира дека вчера во 22.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Борис Трајковски” и ул.„Македонија”, на место викано „Рампа”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(41) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од З.М.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, а со телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението.

Претходна вестКристијан Нинески го фати крстот во Скопје, борба во Крива Паланка…
Следна вестМицкоски: Полукриминални групи под контрола на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници