Возел со 2.04 промили алкохол, стасал до казна

Цели 2.04 промили алкохол во крвта имал возач кого полицијата го открила во ноќешната контрола.

МВР соопшти дека полицијата на територија на СВР Битола вчера и утрово во период од 22 до 4 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

-Санкционирани се 54 возачи. Од нив 45 се на територија на Прилеп, шест во Битола, двајца во Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата санкционирани се и 54 други прекршоци, соопштија од МВР.

Акциските контроли, како што соопштија продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

 

 

 

Претходна вестФранција ја победи Англија во четвртфиналето
Следна вестУтре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје