Возењето без возачка дозвола низ Скопје стана вообичаена работа?

Дали возењето без возачка дозвола станува вообичаена работа во Скопје? Прашањето се наметнува откако ќе се видат секојдневните казни кои ги изрекува МВР за таквите лица.

Само вчера во Скопје се санкционирани 11 лица кои управувале возило без да имаат положено возачки испит. Слични па дури и повисоки се бројките и од минативе денови.

Добро е што има казни, но колкав е бројот на оние што не се откриени, а возат низ главниот град? На решавање на оваа појава мора да и се пријде многу посеопфатно.

Поголеми контроли, можеби и промена на начинот на доаѓање до возачките дозволи се едни од можните решенија.

Инаку, опасност во градскиот сообраќај прават и овие со возачка дозвола. Вчера биле казне ти 20 возачи за пребрзо возење, а пет за поминување на црвено светло на семафор.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. А јавноста апелира МВР поревносно и позасилено да си ја врши работата. Мора да се воведе ред во скопскиот сообраќај.

Претходна вестДа се блокираат сите покани и целото финансирање, Борел предложил мерки против Косово
Следна вестИ Пендаровски мисли како опозицијата, ама и не мисли