210 возачи биле казнети по засилената акциска контрола на МВР денеска во периодот од 5 до 8 часот. Како што информираат од таму, 24 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од полиција најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.